„Ролингстоунс“ планираат да прекинат со настапите после пет децении, а таа вест, наводно, ќе им ја соопштат на фановите следната година на фестивалот во Гластонбери. Мик Џегер и екипата никогаш претходно не свиреле на познатиот фестивал, но британските медиуми соопштиле дека следната година за прв пат ќе бидат главна атракција на фестивалот, каде и ќе објават дека повеќе нема да свират.

Извор близок на бендот изјавил дека биле возбудени, бидејќи на тоа не гледале како на крај на кариерата, туку како на одење во пензија. Биле свесни дека нема да можат вечно да приредуваат настапи во живо, па сакале да престанат додека сеуште се на врвот. „Ролингстоунс“ прославата на 50. роденден ја довеле под знак прашање поради меѓусебни недоразбирања, и сеуште не се огласиле по повод наводите за крај на концертната кариера.