Легендарните Ролингстоунс најавија нова турнеја која ќе ги одведе во 15 градови во Северна Америка. Мик Џегер, Чарли Вотс, Кит Ричардс и Рони Вудс сите концерти во рамките на турнејата “Zip Code” ќе ги одржат на стадиони, а својот прв настап ќе го имаат на 24 мај во Сан Диего. Рок ветераните последен пат на стадиони во Северна Америка свиреле во 2006 година за време на турнејата “Bigger Bang Tour, а на турнејата “50&Counting” во 2012 и 2013 година со која обележале половина век на сцената, свиреле во сали.
Ричардс изјавил дека сакаат да патуваат и дека сјајно да се вратат во Америка, додавајќи дека едвај чека повторно да се качи на сцената. Според најавите, сцената ќе биде навистина спектакуларна, со дел кој длабоко ќе навлегува во публиката, видео екрани и специјани ефекти поддржани со најсовремена технологија.