Легендарната група Ролингстоунс се враќа во недела на сцената со концерт во лондонската О2 арена, со која ќе ја започнат најавената мини турнеја. Бендот се надева дека уште еднаш ќе докаже дека годините не се пречка да би се доживеало задоволство во музиката. Покрај турнејата, која подоцна ќе ги одведе во САД, каде ќе имаат уште три настапи во декември, британските рокери по повод 50 години од постоењето, ги израдувале фановите и со книга со фотографии, две нови песни, документарен филм и компилација со најголемите хитови.
Пред неколку седмици одржале концерт за загревање во Париз. Иако биле критикувани поради високите цени на влезниците, со што оставиле впечаток дека единствено им е до парите, нивното враќање на сцената, по турнејата “A Bigger Bag” пред пет години, наишло на општо одушевување кај публиката.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com