Ролингстоунс ќе мораат да платат казна од 200 илјади фунти, бидејќи го надминале временското ограничување при нивниот неодамнешен настап во О2 арената во Лондон. Сакајќи да и удоволоат на распламтената публика, легендарниот бенд го продолжил концертот со неколку бисови и ја напуштил сцената нешто после 23 часот. 
Меѓутоа, правилата на концертните сали се многу стриктни и бараат сите концерти да бидат завршени до 22 часот и 30 минути. Бидејќи Ролингстоунс не воделе сметка за ограничувањето, ќе мораат да платат казна. Како што објаснил претставникот на бендот, славните рокери ниту малку не се грижеле за казната, бидејќи од новата турнеја ќе заработат близу 20 милиони долари.