Групата Ролингстоунс соопшти дека ќе одржи бесплатен концерт во Хавана на 25 март, што ќе биде најголем концерт на Куба од револуцијата во 1959 година. Бендот ќе настапува во салата „Сиуадад депортиво“, три дена откако американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Хавана. Кубанските власти своевремено судски ги процесуираа младите кои слушале рок музика, која кубанските комунисти ја сметаа за капиталистичко оружје.

 

Со откажувањето од таквите мерки, властите во Хавана почнаа и да дозволуваат големи неофицијални собири. Групата во своето соопштение изјави дека настапувале на многу посебни места во својата долга кариера, но овој концерт во Хавана ќе биде голем настан за нив, и се надеваат за сите нивни пријатели на Куба.