Со концерт во осло пред 23 илјади луѓе Ролингстоунс синоќа ја отворија европската турнеја со која обележуваат половина век работа, после петдневни проби во локалното филмско студио. Тоа бил прв настап на ожалостениот, но и понатаму енергичен Мик Џегер откако му се самоубо девојката Лорен Скот.
Ролингстоунс извеле 17 хитови и уште два на бис, а посебен десет биле песните “Can’t be seen”, која не ја изведувале 15 години и “You gotthe siler”, во која брилирал Кит ричардс, кој има 70 години. На барање на фановите ја извеле песната “Let’sspend the night together”. Додека свиреле на концертот стигнала веста дека гитаристот Рони Вуд станал дедо по петти пат, откако неговата ќерка Лија го родила синот Отис Сони Дејвид.