Гитаристот на Ролингстоунс Кит Ричардс изјавил дека не сака фановите да плаќаат висока цена за влезници како би го виделе бендот кој слави 50 години од постоењето, и покрај фактот што влезниците за ноемвриските концерти во Лондон чинат од 111 до 1175 евра. Рокерите, од друга страна, во својот џеб ќе стават 19 милиони евра за четири концерти, на 25 и 29 ноември во Лондон и 13 и 15 декември во САД.

Ричардс рекол дека не ги гледал цифрите и дека бројките можат да бидат нереални. Изјавил дека сакаат само да одржат неколку концерти, а не да набијат некоја екстремно висока цена. Додал дека оваа група нема да заврши само со четири концерти и дека следната година изгледа одлична за да продолжат.