Рони Вуд, гитаристот на легендарниот состав Ролинг Стоунс го потврдил враќањето во студио и новиот албум кој ќе биде објавен на есен. Гитаристот, кој има 64 години, открил дека покрај прославата на 50 години од постоењето, за 2013 е планиран уште еден студиски албум на еден од најголемите бендови на сите времиња.
Турнејата која била најавена за крајот на оваа година, сепак била одложена за следната. Кит Ричардс рекол дека едноставно не се спремни и дека 2013 изгледа многу пореално како година во која ќе се одржи турнејата.