Ролинг Стоунс ќе настапат на 12 декември во ЊуЈорк на концертот посветен на жртвите на ураганот Сенди.

Концертот “12-12-12“ ќе се одржи во Медисон Сквер Гарден, а меѓу учесниците ќе биде Бон Џови, Брус Спрингстин, Пол Макартни, групата “The Who”и Роџер Вотерс.

Приходот од концертот е наменет за фондацијата основана за жртвите на ураганот Сенди, кој го погоди ЊуЈорк и околината на 29 октомври.

На концертот ќе настапат и Ерик Клептон, Еди Ведер, Били Џоел, Алиша Кис, Кање Вест и Крис Мартин. Организаторите очекуваат дека концертот на телевизија или на интернет ќе го пратат околу 2 милиони луѓе. Цената на влезниците е од 150 до 2 500 долари.