Часовник од марката „Ролекс“ кој Роџер Мур го носеше како Џејмс Бонд во филмот “Живеј и остави ги другите да умрат“ е продаден на аукција во Женева за 363 илјади долари. Во аукциската куќа Филипс, која ја организира лцитацијата, наведуваат дека часовникот е од челик кој не р’ѓосува, произведен во 1972 година, а бил проценет на 250 илјади швајцарски франци. Во тој филм, часовникот е користен за создавање магнетно поле кои ги „онеспособува“ куршумите испалени во славниот агент.

 

Во друга сцена, Бонд го користи моќниот часовник да го откопча патентот на фустанот на жената која ја заведе. Во среда, на аукција која исто така ќе биде одржана во Женева, ќе се најдат два скапоцени предмети во сопственост на една друга ѕвезда од приказната за Бонд. Имено, шкотскиот актер Шон Конери ќе стави на продажба 15,4 каратен розе-портокалов дијамант, кој би можел да достигне два милиони долари, како и прстен со 5,18 каратни дијаманти, чија вредност се проценува на 250 илјади долари.