Рокот за пријавување на екипи за учестви на турнирот во мал фудбал „Петровден 2016“ во Мешеишта, поради големиот интерес се продолжива сабота, 18ти јуни до 21 часот, информираат организаторите.
Котизацојата за учество на турнирот изнесува 3000 денари по екипа.
Ждребот на групите ќе се изврши исто така во сабота во 21 часот во домот на културата во Мешеишта, кога ќе биде соопштен и фондот на награди.
Натпреварите на турнирот ќе се играат во вечерните часови под рефлектори.
OhridNews