Граѓаните кои што не беа во можност да ја поднесат потребната документација за откуп на дворно земјиште по цена од едно евро за метар квадратен, ќе може тоа да го сторат до 31.12.2012 година, одлучи владата на денешната редовна седница.

Првичниот рок за откуп на дворното земјиште беше до 27 јануари, а според податоците на министерството за финансии, барање за откуп на земјиштето поднеле 102.114 граѓани, од кои 100.338 се физички, а останатите правни лица.

OhridNews
извор: Makfaks