Ставрески посочи дека цената за откуп на дворно земјиште коешто е во сопственост на државата до 27 јануари изнесува едно евро по квадратен метар, по што ќе и се плаќа закуп на државата за користење на дворното земјиште, коешто нема да биде купено.
„Закупот го утврдува Министерството за транспорт и врски според тарифник, којшто евентуално владата може да го разгледува, дали ќе го промени или не, но засега цената на закупот ќе се утврдува според постоечкиот правилник“, изјави Ставрески.
извор: „Макфакс“