Работните групи ноќеска до полноќ не постигнаа договор. Преговарачите си заминаа дома. Истече рокот за избор на министри за внатрешни работи и за труд и социјала предложени од СДСМ, нивни заменици од ВМРО ДПМНЕ и заменици од СДСМ во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество.
Работната група не успеја да се договорат за ингеренциите на министрите кои треба да станат дел од тимот на Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека договорот ќе се испочитува ако се избере само министер со неколкумина соработници, кој ќе има ограничени овластувања и не смее да менува началници и други раководители.
Според СДСМ, тој треба да има целосни министерски ингеренции, а заменикот да има право на вето само за активности поврзани со изборите. 
Останува отворено прашањето за понатамошните дејствија на опозициајат , бидејќуи денеска најавија дека сите опции се отворени а договорот ќе се смета за пропаднат ако нема биде испочитуван рокот.
Неофицијално денеска се очекува изјава од медијаторот на ЕК Питер Ванхауте, кој треба да соопшти детали за вечерашниот неуспехот, но дали и како смета да продолжат преговорите. Очекувањата на дипломатите се дека од утре на сцена со поактиван улога ќе стапат и амбасадорите на САД Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав.

OhridNews

Извор:„24 Вести“