Доколку редовно го следите стајлингот на познатата манекенка Алесандра Амброзио, досега сигурно сте дошле до заклучок дека оваа убавица има навистина одличен стилист. Нејзините комбинации секогаш се терндовски привлечни, но истовремено прилагодени кон секојдневните обврски кон работата и семејството.
Удобни траперки, пуловери и дизајнерски модни додатоци се стилот на ангелот на Викторија Сикрет, која модната публика не ја разочара ниту кога прошета низ Лос Анџелес во вистинско рокерско расположение. За тоа била заслужна фениоменалната комбинација со детали изработени од црна кожа, како и чанта на Мансур Гавриел и чизми со ремен и нитни на Сент Лоран. Ултимативниот рок впечаток го заклучила со Реј-Бан очила за сонце.