Граѓани на Охрид реагираат дека веќе неколку денови во вечерните часови има наезда од инсекти. Најмногу ги има околу светилките, поради што покрај нив е непријатно да се помине, велат граѓаните. Таква слика вечерва имаше на градскиот кеј, но и во населбите Воска и Далјан во близина на езерото.

Засега јавноста не е информирана на што се должи оваа појава, но граѓаните очекуваат соодветна реакција од надлежните служби.

Инаку во општина Охрид летово се уште не е извршено прскање против комарци и други инсекти, но нема официјални информации дали можеби тоа има некаква поврзаност со оваа појава или пак се работи за природна појава која се должи на порастот на температурите.

OhridNews