Рој Хоџсон ќе го наследи Рафаел Бенитез на кормилото на 18 – кратниот првак во Англија, Ливерппул. Хоџсон које е 18 – от менаџер на екипата ќе има задача да ја донесе титулата на “Енфилд роуд“. Последен пат “црвените“ биле прваци во Англија во далечната 1990 година.


Ова е најголемата работа во клупскиот фудбал и јас сум почестен што ќе бидам менаџер на најтрофејниот клуб во Британија – рече Хоџсон.

62 годишниот Хоџсон беше поврзуван со селекторското место на Англија, минатата сезона со тимот на Фулам беше поразен во финалето од Лигата Европа од Атлетико Мадрид со 2-1. За лондонскиот клуб тоа беше најголемиот натпревар во нивната историја.

Ohridnews