Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ од Елшани преку писмено соопштение ја изразува нескриената поддршка и благодарност до Локалната самоуправа на Охрид за проектот „Реконструкција и асфалтирање на патот Елешец – Елшани“, кој по речиси 40 години конечно се реализира и упатуваат апел за поголема внимателност околу изведбата на опасните кривини.
-„Родољуби Свети Илија“ упатува апел до градоначалникот и до изведувачите да обрнат поголемо внимание на трите опасни кривини на патот до Елшани, односно истите максимално да ги прошират во функција на безбедноста на патниците и на возилата. Се работи за трите многу опасни кривини: Осојник, Кај Спира и Долна Маала кои претставуваат т.н. „црни точки“ каде се случиле и случуваат бројни сообраќајни судири и несреќи, велат од здружението.
Оттаму се надеваат дека со новоасфалтираниот пат и со веќе реконструираниот селски водовод, Елшани ќе добие сосема нов и поубав лик со што природните убавини на ова крајезерско село ќе станат уште попривлечни за туристите.
OhridNews