Деновиве во селото Елшани формирано е ново здружение на граѓани „РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“. Мисијата на здружението е презентација на селото, традиционалните христијански обичаи, на културно-историските и етнолошките вредности и предности на Елшани и околината. Посебна цел на „РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“ е успешно одбележување на јубилејот на црквата “Свети Илија”: 600 години од подигнувањето и 150 години од возобновувањето. Овој проект е во тек, а неговата реализација и одбележување на јубилејот ќе биде на Илинден 2009 година, на денот на селската слава во Елшани.



Здружението „РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“ ќе се грижи за одржување на постојана врска со елшанците и други нашинци иселени и одделени од Македонија; негување и заштита на здравата и чиста природа на Елшани и околината; еколошка и туристичка едукација во функција на подобрување на руралниот културен и еко туризам и.т.н.


На Духовден, здружението „РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“ присуствуваше на традиционалниот христијански обичај “КРЕВАЊЕ КРСТИ” од каде се направени и фотографиите објавени во оваа сторија. На одбележувањето на празникот беа поделени печатени флаери за значењето на црквата и за проектот по повод Илинден 2009.

Ohridnews