Од здружението ги поздравуваат најавите на локалната самоуправа за модернизација на патната инфраструктура во Елшани, но истовремено бараат општината да ги исполни барањата кои месната заедница ги упатила до неа минатата пролет.
Меѓу нив е и барарањето за донесување одлука за поставување на спомен-обележје на Никола Митрев – Езерски – реонски војвода и прв соработник на Христо Узунов, како и именување на една улица во Охрид со името на овој револуционер. Покрај ова месното население бара да биде уредени селскиот плоштад и платото пред планираното спомен-обележје кај изворите; да бидат поставени еко-табли и билборд-паноа за промоција на руралниот туризам и да се подобрат условите во локалното училиште.