Попладнево, свежо цвеќе беше положено пред спомен обележјето на Кејот на езерото, во сеќавање на загинатите бугарски туристи.

Пред плочата на која со големи букви пишува ” Да не се заборави”, се поклонија и оддадоа почит роднините на загинатите, делегација предводена од Бугарскиот амбасадор и конзул во Република Македонија, Градоначалничката на бугарската општина Пирдоп, претставници на Локалната самоуправа на општина Охрид, членови од Здружението на граѓани 5- ти септември, како и претставници од охридскиот Ротари клуб кој го финансираше поставувањето на спомен обележјето, заедно со Ротари клубот од Пирдоп. 


Роднините и делегациите се поклонија пред спомен обележјето
 на загинатите бугарски туристи