Роднини на патниците кои се превезувале со некои од автобусите на „Беса транс“ пред туристичката агенција чекаат подетални информации и апелираат до агенциите да бидат достапни за информации во вакви тешки моменти.
Од 6 утрово се информираме преку „Фејсбук“, бидејќи братучед ми е во Турција. Веќе три-четири часа се јавуваме во „Беса транс“. Немаме никаква информација, ниту пак се јавуваат. Тоа не е добро. Како што знаат да организираат екскурзии, така сега кога е трагично треба да се поактивни. Ги замолувам институциите да ги информираат луѓето, изјави Џељал Бакиу, роднина на патник кој, требало да се врати од Турција.
Компанијата на автобусот е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.
Tуристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија. Седиштето на агенцијата во Скопје од утринава го обезбедуваат неколкумина полицајци.
Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа“.
Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа најмалку 46 лица кои се враќале од Турција.
OhridNews