Група француски родители покренала акција против рено кој сака новиот електричен автомобил да го нарече Зое. Во последниве пет години тоа име е најпопуларно во Франција. Еден од родителите изјавил дека нивните ќерки имаат прекрасно име кое не треба да се поврзува со автомобил.
Од Рено, пак сметаат дека со тоа не прават ништо лошо. Зое асоцира на женственост и младост, разигран дух и живост, што се и карактеристика на новиот автомобил. Со тоа име сакаат емотивно да се приближат до купувачите. Од друга страна родителите им даваат имиња на децата по брендови како што се Шанел, Армани и Фанта, а тие компании би можеле да бараат оштета за авторски права.