Родителите на петгодишното дете, кое минатата недела го проголта крокодил во Квинсленд, Австралија, побарале крокодилот да не биде усмртен, известиле денеска локалните власти.

Џереми Добл (5) скокнал во реката Деинтри по своето куче. Постариот брат го забележал крокодилот во реката, но било предоцна Џереми да биде спасен.


Крокодилот, долг 4.3 метри, подоцна е фатен, а во неговата утроба се пронајдени остатоци од несреќното детенце.

Крокодилот ќе биде испратен или на крокодилска фарма, или во зоолошка градина.