Родителите на пејачката имаат намера нивната викендичка да ја преуредат во музеј, каде би ги изложиле омилените работи на Ксенија. Таа куќа и била подарок од нејзиниот татко, а последниве неколку месеци ја уредувала надевајќи се дека еден ден ќе живее во неа далеку од градската врева.
Семејството по 40 дена жалење ќе продолжи со она што го започнала пејачката и од куќата ќе направи музеј. Сите нејзини лични предмети ќе бидат изложени во него, а за нејзиното семејство тоа ќе биде свето место.