Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, вечерва на службениот Фејсбук профил објави дека неговите родители се позитивни на Ковид 19. Тие засега имаат лесна клиничка слика, а градоначалникот со неговото семејство превентивно одат во изолација.
И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19.
За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика.
Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација.
Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита. – напиша на Фејбук Георгиески.
OhridNews