Родителите на пејачката Бијонсе официјално се развеле по 31 година брак, јавиле британските медиуми. Минале две години откако Тина Ноулес побарала развод од таткото на Бијонсе Метју, кој минатата година добил син кој бил плод на негова вонбрачна афера. Постапката едно време била стопирана, бидејќи сопружниците накратко се помириле.
Во судските документи како причина за развод мајката на Бијонсе ги навела разликите во карактерот, но подоцна се дознало дека развод побарала еден месец откако дознала дека Метју очекува дете со актерката Александра Вајт. Иако на почетокот тврдел дека детето не е негово, ДНК тестот докажал дека тој е таткото. Освен Бијонсе, Метју и Тина ја имаат и ќерката Соланж, која во 2007 година по три години брак се развела од сопругот Даниел Смит кој го имала синот Даниел Џулз.