Родителите Албанци и Македонци се согласија дека учениците треба да се вратат во школските клупи, но не можат да се договорат како треба да продолжи наставата во средното училиште „Нико Нестор“, која е во прекин три недели.


Ниту на денешниот состанок на Училишниот одбор на средното училиште „Нико Нестор“ не се изнајде решение за проблемите кои предизвикаа меѓуетнички поделби. Родителите Македонци и натаму остануваат на став дека воведувањето на јазични смени е најдобро решение за надминување на инцидентите, со што не се согласуваат родителите Албанци. Според нив раководството на училиштето и наставниците се виновни за настанатата состојба, бидејќи не овозможиле услови за безбедно одвивање на наставата. Поради тоа тие најавија дека ќе поднесат тужба против одговорните во ОСУ „Нико Нестор“


Тужба за училиштето – Ваит Ајро

Директорката на училиштето, Маре Савевска, изјави дека Училишниот одбор не прифатил ниту едно од понудените решенија, што според неа значи дека на сила останува претодно донесената одлука за воведување посебни јазични смени.


Одлуката за јазични смени е валидна – Маре Савевска

Одлуката за воведување јазични смени ја поддржуваат родителите Македонци, кои нјајавија дека во понеделник ќе дојдат заедно со со своите деца на училиште за да се уверат во нејзината примена, што може да предизвика дополнителни тензии.

Ohridnews