Едно претпријатие за приватна сигурност во Велика Британија има понуда со која изнајмуваат кучиња кои се тренирани за пронаоѓање илегални дроги. Родителите можат да ги изнајмат за 50 евра да ги пребараат собите на нивните деца. Се што ќе пронајдат мораат да го пријават во полиција.


Претпријатието кое има седиште во Портланд, тврди дека тоа е ненаметлив начин за проверка на користење на дроги. Велат дека на овој начин родителите ќе научат и сами да ги пребаруваат собите на децата. Некои, пак мислат дека на овој начин може да се изгуби довербата на децата и да се нарушат семејните односи.