Дејвид и Илена Барнс од Конектикат предизвикале критики откако на Јутјуб објавиле снимка од својата петгодишна ќерка како плива со ајкули.
За време на одморот на Бахамите заедно со ќерката пливале со ајкули во океанот. Пливањето го организирала една агенција, а според зборовите на брачниот пар Барнс, тоа не е опасен вид на ајкули.
Меѓутоа меѓу нив имало и други ајкули кои понекогаш можат да бидат опасни за луѓето.
Барнсови се пожалиле поради критиките и за тоа разговарале во една емисија на телевизија.
-Ниту во еден момент не почувствував опасност. И во секојдневниот живот постојат ризични ситуации. Повеќе ме загрижува кога децата не се врзуваат со безбедносните појаси во училишните автобуси – изјавила Илена, додавајќи дека тие цело време биле до девојчето.
Меѓутоа, по гостувањето во емисијата, критичарите станале уште поостри, поради што снимката ја отстраниле и забраниле коментари.