Персоналот на аеродромот Бен Гурион во Израел пронашол 4 годишно девојче, само во продавницата на аеродромот, откако нејзините родители без него полетале за Париз.
Се качиле во авионот со четири од петте деца. Мајката и таткото седеле одвоено во авионот и незабележале дека им недостасува едно дете се додека капетанот на авионот не ги известил откако полетале.
Персоналот од аеродромот го сместиле девојчето во наредниот лет за Париз.
– Вообичаено е патниците во гужва да заборават дел од багажот, но не и дете. Ова до сега не се има случено, рекол портпаролот на авио-компанијата.