Патничка на авион кој се обраќал од Сан Франциско до Фениск родила син веднаш после полетувањето, пренесуваат светските агенции. Мајката се породила со помош на лекар и болничарка кои биле во авионот на компанијата Саутвест Ерлајнс. Пилотот леталото го спуштил на аеродромот во Лос Анџелес, а мајката и бебето биле одвезени во болница.
Авиокомпанијата соопштила дека мајката и бебето се добро, но не го соопштила нивниот идентитет. Патниците рекле дека ја виделе бремената жена како нервозно шета по аеродромот чекајќи да влезе во авионот. Тое додале дека екипажот прашал дали има лекар во авионот, и дека после извесно време се слушнал плачот на бебето.