Околу педесет лекари и медицински персонал при американскиот медицински центар Бруквув во сојузната држава Алабама, биле ангажирани во несекојдневното породување кога за само три минути триесетгодишната Хедер Керол на свет донела шесторка, и тоа три месеци пред терминот за породување.


Хедер поради компликациите морала да роди речиси три месеци пред рокот, па дуро 50 вработени во медицинскиот центар ги породиле петте девојчиња и едното момче со царски рез. Се се одвивало помеѓу 8:05 и 8:08 часот наутро. Новороденчињата биле тешки помеѓу 730 и 1040 грама.