Жителката од Кина Лиу Сие добила болки набрзо по полетувањето со малезиската компанија на релација од Кучинг  до Пенанг на 21 октомври. Во авионот родила здраво машко дете. Во знак на благодарност момчето го крстила Ја Ханг што на мандарински значи Аир Азија.


Таа авиокомпанија е прогласена за најдобра нискобуџетна авиокомпанија на светот за оваа година. Мајката и детето добиле бесплатни карти за летање со нивните авиони до крајот на нивниот живот.