Жената која родила близнаци во една берлинска болница им приредила големо изненадување на медицинскиот персонал, бидејќи едното новороденче е црно а другото бело.


Мајката на здравите близнаци е со потекло од Гана, а таткото е Германец.

„Случаите каде близнаците имаат различна боја на кожата се многу ретки“, изјавила Бриџит Вебер, докторка во породилиштето каде што се родиле близнаците. „Во нашата клиника ова се случува за прв пат“ – додала таа.

Докажано е дека децата имаат ист татко. Децата се родено на 11 јули, а информацијата за необичните близнаци е објавена во средата.