Неименувана жена стара 66 години, за која единствено се знае дека е свештеничка во пензија, родила близнаци во Швајцарија, објавиле локалните медиуми. Информацијата била потврдена во кантоналната болница во Кир, во источна Швајцарија, во која жената се породила пред две седмици со царски рез. Медиумите навеле дека таа е досега најстарата жена која родила во оваа земја.
Болницата не сакала да објави детали за породувањето. Не е познато во каква состојба се децата и мајката, за која бременоста и породувањето во вака поодминати години претставуваат ризик. Медиумите единствено успеале да дознаат дека жената својата бременост ја организирала во Украина. Најстарата жена која родила на светот е индијката Раџо Деви Лохан, која во 2010 година на 70 години исто така родила близнаци.