Една жителка на Кин, која има 60 години, родила близнаци по вештачко оплодување. И било дозволено вештачки да се оплоди за да и се ублажи болката по смртта на нејзината ќерка, која погинала минатата година заедно со сопругот. Верува дека иако се стари, со сопругот ќе бидат добри родители на девојчињата.


Девојчињата се наоѓаат во инкубатор и нивната состојба е стабилна. Во последниве неколку години забележани се неколку породувања во поодминати години благодарение на современата технологија. Најстарата жена која се породила имала 70 години и е од Индија.