Росинета Кардозо од Бразил минатиот вторник донела на свет девојче тешко 7,1 килограми. Бебето долго 60 сантиметри добило име Жизел, а било родено со царски рез во Нова Олинда во државата Амазонас.
Росинета истакнала дека тоа не и е прво дете, и дека останатите деца по породувањето биле тешки 6 и 5,8 килограми. Мајката и девојчето се чувтвувале одлично. Сецата во просек по породувањето се тешки околу 3,2 килограми. Една жена од Индонезија минатата година родила момче тешко 8,7 килограми.