Британскиот актер Роџер Мур изразил желба да сними уште еден филм за Џејмс Бонд, но овој пат во улога на негативец. Како што пренеле британските медиуми, 85-годишниот актер, кој Бонд го глумел од 1973 до 1985 година, смета дека би бил совршен непријател на агентот 007. Рекол дека негативцните имаат многу подобри реплики и сјајни говори.
Мур навел дека Даниел Крег многу му се допаѓа во улогата на славниот агент, но дека е загрижен поради се поголемиот број на сцени со насилство во филмовите за Бонд. Дури и во времето кога го снимал својот последен филм во улогата на Бонд, „Поглед на убиство“, Мур чувствувал нелагодност што популарниот јунак се обидува да се натпреварува со главните акциони ликови на тоа време, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне.