Британскиот актер Роџер Мур, кој во седум наврати го глумел Џејмс Бонд, пишува книга за 50 години авантура на познатиот агент 007, јунакот на романите на Иан Флеминг, и најдолгата приказна во историјата на кинематографијата, започната уште во далечната 1962 година со филмот “Dr No”.

Книгата со едноставен наслов „Џејмс Бонд“, која во книжарите во Велика Британија и уште неколку земји ќе се појави на почетокот на октомври, е збир на спомени, анегдоти и изводи од личната архива на актерот за најславниот фиктивен шпион. Мур го глумел Бонд во рекордни седум филмови.