Роџер Брадрс со песната “Типка лудница“ го освоија првото место на вечерта на дебитанти на годинешното издание на фестивалот Охрид фест 2009. Со оваа победа тие обезбедија учество И повторен настап на фестивалската сцена на Долни Сарај на поп- вечер на фестивалот.
Публиката во Долни Сарај беше воодшевена не само од нивното пеење туку и како тие владеат со сцената како и осмислениот сценски настап. Освен сценскиот настап за впечтливост на групата Роџер Брадрс И девојките на сцената, кои дознавме дека се викатаат Ева И Магдалена кои своите улоги прекрасно ги донесоа на сцената, придонесоа и вкусно осмислените И израбрани парчиња гардероба во стилот на хип-хопот, детскиот модерниот стајлинг на Леонардо гардероба на типките, како и спортскиот тип на девојки.
За нивната песна, освен македонските представници, гласаа и членовите на интернационалното жири кои беа претставници на земјите од поранешна Југославија како И од регионот. Овие гласови пред најавеното есенско издавање на нивниот прв деби албум се многу значајни за вредноста на тинејџерската хип-хоп атракција која ја сочинуват тројцата браќа Давид, Александар и Леонардо.
Победничката песна ,,Типка лудница“ е со авторски текст и авторска музика на групата Роџер брадрс а е снимена во студиото Роџер Брадрс додека аранжманот е на Роберт Саздов. Ова лето групата немаше одмор бидејќи со песната ,,Пинк која ја снимија и на српски јазик, со освоено петто место имаше успешен прв интернационел настап на реномираниот црногорски фестивал ,, Сунчане скале. Групата свој дебитански настап го имаше лани токму на Охридскиот фестивал.
Во изминатава година групата издадоа и промовираа 5 песни кои беа покриеини и со спотови. За оваа есен групата ќе го издадат и својот деби албум на кој ќе има 15 песни,а ќе биде снимен и спот како промоција на албумот
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com