На една фарма во западен Мичиген родено е срнче со бело лице, што претставува ретко генетско пореметување. Срната го одбила своето новороденче, но за него сега се грижат луѓето од фармата, пренесуваат медиумите. Нилари Пауел и нејзиното семејство, кои живеат на фармата на малото срнче му дале име Дрегон.
Неговата мајка има генетско пореметување поради што младото е родено со голем број бели дамки. Дрегон исто така има и бел стомак и нозе, и розев нос. Ова се случува во помалку од еден процент случаи кај елените со бел опаш. Дрегон првите неколку ноќи спиел во куќата на семејството и го хранеле со шише и цуцла. Сега веќе полека излегува надвор. Подоцна ова лето Дрегон ќе им се придружи на останатите елени на големата фарма.