Една британка го родила првото бебе на кое му е отстранет генот со предиспозиција за рак на дојка.

Бебето настанало од одбран ембрион на кого му бил изваден генот „BRCA 1“, кој за 50 до 80 проценти ја зголемува опасноста од добивање рак на дојка.

Во јуни минатата година, идната мајка, 27 годишна британка, изјавила дека се одлучила на таа генетска селекција бидејќи нејзината баба, мајка и сестра имале рак на дојката.


Родителите не го знаеле полот на детето, но и момчињата можат да бидат носители на тој ген и да го пренесат на своите потомци.

Процедурата на отстранување на генот се спроведува кога фетусот е стар околу 3 дена. Се зема примерок од клетка од ембрионот и се анализира дали е носител на некоја генетска аномалија. До колку е тоа случај, тогаш се заменува со некоја друга клетка без аномалија.

Наведената процедура е забранета во Германија, Австрија, Италија и Швајцарија, а се спроведува во Белгија, Данска Шпанија и Британија.

Франција дозволува да се утврди дали постојат некои генетски аномалии како би се откриле потенцијални неизлечиви болести, додека постапката се спроведува само во случај на одредени болести.