Една жена во Сибир родила девојченце тешко 7,75 кг. кое и е дванаесетто дете.
Малечката Надја родена е со царски рез во локалната болница во сибирската област Алтај на 17-ти септември. Таа е дванаесетто дете во семејството и има осум сестри и тројца браќа.
Најтешкото бебе според Гининсовата книга на рекорди било момченце тешко 10,2 килограми, родено во Италија 1955 година. Момченце тешко 10,8 килограми родено е во САД во 1879 година, но починало 11 часа подоцна.
Ј.М.