Лекарите од Саудиска Арабија се шокирале кога при прегледот на едномесечно девојче откриле дека е бремено. Оваа вест ја пренеле до медиумите ширум светот. Овој несекојдневен случај  бил откриен така што по еден месец од раѓањето, девојчето, кое на свет дошло со царски рез, почнало да повраќа.


Мајката го однела на преглед, а лекарите востановите дека во стомакот на девојчето е заробен мртов фетус. Лекарот Салех ал Насар рекол како забележале дека стомакот на девојчето е чудно натечен. Тестовите покажале дека во стомакот има фетус. Операцијата на отстранување траела полни три часа. Фетусот кој го извадиле бил тежок 460 грама и долг 12 сантиметри.