Девојчето Јаслин било родено на 26 јули во Лајпциг и тоа со должина од дури 57 сантиметри и тежина од шест килограми. Било родено по природен пат, без царски рез, и официјално било прогласено за најголемо бебе родено во Германија. Мајката се породила на Универзитетската болница во Лапциг, а дури по породувањето било утврдено дека болувала од гестационен дијабетис, кој најчесто се јавува во 24 седмица од бременоста и предизвикува раѓање на поголеми бебиња.
Мајката и бебето биле сосема здрави, но Јаслин за секој случај била задржана во болница. Според Гинисовата книга на рекорди, најтешко бебе досега родила канаѓанката Ана Бејтс во 1879 година, а детето, кое имало повеќе од 10 килограми починало по само 11 часа живот.