По повод роденденот, 6 години Народен Театар Охрид, во сабота 03.06.2017, во 20 часот, ќе биде изведена претставата “АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак , Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите со роденденски попуст од 50% ќе чинат 100 денари.

Претставата не е за лица помлади од 14 години и во неа се користат пиротехнички средства.

OhridNews