Жителите на едно мало гратче во Шкотска во само половина час ја преплавиле полициската станица со повици за видени вонземјани.
Шкотската полиција пред некој ден била преплавена со повици на граѓаните кои тврделе дека на небото виделе вонземјански летала. Како што изјавил началникот на полицијата, во само половина час се алармирал целиот крај кој на небото ги препознал вонземјаните.
На цела среќа, или за жал, се работело за забуна која ја предизвикала една роденденска забава на која на гостите им дале балони на кои имало и заврзани свеќи и ги пуштиле на небо за да им се оствари желбата што ќе ја посакаат.
Жителите на ова гратче таа роденденска забава ќе ја паметат уште долго време.