Пејачката Џенифер Лопез го прославила својот 42 роденден во Мајами. Таа својата роденденска забава ја организирала во ресторанот „Скрапет“, еден од најпознатите ресторани во Мајами. Роденденот го прославила во многу весело расположение во кругот на семејството и пријателите, уживајќи во вечерата, и покрај приватните проблеми.


Таа изгледала прекрасно во фустанот со пурпурна и сребрена боја, а по вечерата и роденденската торта таа запеала. Извор близок на пејачката рекол дека ова била втора забава која ја приредила за роденденот. Првата ја направила во „Вински подрум“, исто така во Мајами. Џенифер Лопез се раведува од пејачот Марк Ентони по седум години брак. Тие двајца се венчале во јуни 2004 година и имаат две деца, близнаците Ема и Макс.