По Струмица и Куманово, интерактивната „Скопско Гајба“ се сели во Охрид.
Овој викенд, на 9ти и 10ти август на градскиот плоштад во Охрид со почеток од 19 часот, стартува големата забава по повод 100-тиот роденден на „Скопско“ за која ќе се погрижат Ѓоко Танески, Фолтин, Дани Димитровска, DJ Face и DJ Gec.
Освен уживањето во добра македонска музика, граѓаните и посетителите на Охрид ќе имаат можност и подобро да се запознаат со историјатот на брендот, процесот на правење на Скопско, како и да „ѕирнат“ во иднината, преку дигиталното искуство во т.н. „СКОПСКО Гајба“.
Дојдете да се забавуваме и да наздравиме за следните 100!
100 години „Скопско“ и сè е можно!
OhridNews/PR